Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Миле Поп Јорданов

Роден е во Велес во 1877 година. Тој е брат на гемиџијата Јордан Поп Јорданов - Орцето. Се школувал во родниот град па во Битолската машка гимназија и Духовната семинарија во Цариград. Поради своите бунтовнички и револуцционерни идеи е исклучен од двете образовни институциим па се посветува на учителствување во Велешко и Радовишко.

Како член на месниот комитет на ВМОРО на Велес, се вклучил во реонската чета, која дејствувала во Радовишко. Во четата на Алексо Пројлијата бил секретар, а по заповед на Г.Делчев, војводата А.Пројлијата поради арамискиот нарав е сменет и на негово место поставен М.П.Јорданов.

Загинал во септември 1901 година, на враќање во Велес, наидува на турска патрола и за да не падне жив во нивни раце,  се самоубива.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik